вторник, 22 октомври 2024

Велика Британија воведе дополнителни санкции за Белорусија, сојузничката на Москва

Објавено на

часот

Сподели

Новите мерки „ќе го зголемат економскиот притисок врз (белорускиот претседател Александар) Лукашенко и неговиот режим, кои активно ги олеснуваат воените напори на Русија и го игнорираат територијалниот интегритет на Украина“, рече британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Лондон го забранува увозот на злато, цемент, дрва и гума од Белорусија и забранува извоз од Велика Британија на материјали и технологија што може да се користат за производство на хемиско и биолошко оружје.

Новиот закон ѝ дозволува на Владата да ги принуди социјалните мрежи и давателите на интернет услуги да го ограничат пристапот до белоруските медиуми од ОК, како што тоа веќе го прави со руските медиуми.

Велика Британија претходно воведе санкции против стотици белоруски личности и правни лица и забрани извоз на нафта и нафтени деривати, одредени технолошки компоненти, луксузни стоки и увоз на челик и железо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ