среда, 30 октомври 2024

Велика Британија пресретна 21 руски авион на границите на НАТО за три недели

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу руските авиони имало борбени, транспортни и авиони за собирање разузнавачки информации, како и бомбардери Ту-22М, соопшти британската одбрана.

„Овие пресретнувања се добар потсетник за вредноста на колективната одбрана и одвраќањето што ги обезбедува НАТО“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Волис.

Според него, британското кралско воздухопловство работи заедно со сојузниците во изминатите три недели за да обезбеди заштита на земјите-членки на НАТО и на партнерските земји.

Британските авиони се во Естонија од март, како дел од британскиот придонес во мисиите на НАТО. Тие ги надгледуваат руските авиони кои не комуницираат со агенциите за воздушниот сообраќај, што претставува закана за безбедноста на воздухопловството.

Британските авиони ќе останат во Естонија до август, кога ќе бидат заменети со шпански авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ