сабота, 20 јули 2024

Велика Британија испраќа авиони над Газа, ќе се обиде да ги пронајде заложниците

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на Министерството за одбрана изјавија дека голем број невооружени авиони ќе се користат за извидувачки летови, вклучувајќи го и „шедоу Р1“, кој се користи за собирање разузнавачки информации. Соопштено е дека авионите ќе се користат исклучиво за лоцирање на заложниците, а само информациите поврзани со нивното спасување ќе бидат проследени до надлежните органи. Палестинското исламистичко движење Хамас киднапираше околу 240 лица за време на нападот на Израел на 7 октомври.

Израел и Хамас минатата недела се согласија на првото примирје со посредство на Катар, Египет и Соединетите Американски Држави, тоа беше накратко продолжено двапати. За време на примирјето Хамас ослободи 105 заложници, а Израел 240 палестински затвореници.

Израел претпоставува дека уште 137 лица се заробени во појасот Газа. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека меѓу нив има 15 жени и две деца. Хамас најави дека ќе продолжи со преговорите за ослободување на преостанатите заложници дури кога ќе заврши војната во Газа. Примирјето заврши во петокот наутро кога повторно се разгореа борбите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ