недела, 14 јули 2024

Велешанец заврши во притвор, ја тепал мајка му, се заканувал дека ќе ја убие

На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи ѝ хематоми. Зел нож од кујната со кој ѝ се заканил дека ќе ја убие, соопшти Јавното обвинителство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од велешкото Основно јавно обвинителство поднел обвинителен предлог против лицето за кривично дело телесна повреда како и загрозување на сигурноста. Лицето ги сторило делата при вршење семејно насилство врз сопствената мајка“, соопштија вечерва од Јавното обвинителство.

На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи ѝ телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој ѝ се заканил дека ќе ја убие.

На 19 јуни, побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож ѝ се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв.

„Јавниот обвинител до Основниот суд во Велес поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, кој живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност да го повторува семејното насилство. Исто така, постојат околности што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“, се појаснува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ