сабота, 20 јули 2024

Веќе се произведува кравјо млеко без крави

Објавено на

часот

Сподели

Вештачко кравјо млеко е производ на кој веќе работат многу компании ширум светот. Овој производ се смета за еколошки и ефтин за производство. На полиците на американските продавници веќе има прехранбени производи направени од вештачко кравјо млеко.

Израелскиот стартап Ремилк ја гради најголемата фабрика во светот во Данска, каде што ќе се произведуваат производи од вештачко кравјо млеко, а почна да се работи и во Германија.

Технологијата за правење вештачко кравјо млеко се нарекува прецизна ферментација. „Така добивме еден производ, млечни протеини, како што се протеините од сурутка или казеин“, објаснува Гжегорц Кубик од семејната млекарница Хохланд во регионот Алгау во јужна Германија.

За ова се потребни микроорганизми, како што се квасец или бактерии. „Добро е што микроорганизмите се репродуцираат“, вели Кубик, објаснувајќи дека потребни се само неколку клетки од квасец или бактерии за да се произведат многу млечни протеини.

Тој нагласи дека тие се толку технички напредни што можат синтетички да произведат кравји гени во лабораторија, кои ги кодираат млечните протеини, користејќи ја технологијата Crispr/Cas, која овозможува трајно вметнување на секвенци од кравји гени во геномот на микроорганизмите.

А за да се развијат додаваат шеќер и витамини, вода и сол. Процесот се одвива во големи садови од нерѓосувачки челик на температура од 30 до 40 °C. По неколку дена го собираат добиениот млечен протеин, го чистат и го сушат во прав. Од тоа потоа се прави млеко, јогурт, сирење...

ц

За традиционалните млекарници овој начин на призводство ќе биде голема конкуренција.

На американскиот пазар веќе може да се купат првите млечни производи со протеини од лаборатории. Стартапот Perfect Day со седиште во Беркли, Калифорнија, продава сладолед, млеко, крем сирење, чоколади и протеински шејкови во повеќе од 5.000 американски супермаркети.

Минатото лето, Марс лансираше чоколадо наречено „CO2CAO“. Нестле веќе продава пијалоци од брендот Covabunga во Сан Франциско со протеин Perfect Day, додека Џенерал милс има линија за крем сирење што користи клеточен млечен протеин Ремилк (Remilk).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ