недела, 20 октомври 2024

Вчера изгаснати се пет пожари на отворено

Во последното деноноќие имало пет пожари на отворено и пожарникарите сите ги изгаснале. Во Општина Ѓорче Петров пожарникарите  гаснеле  депонија покрај улицата „Радушка“, во пределот кај гробиштата. На запалено стрниште пожарникарите интервенирале во Општина Велес. Во Општина Могила пожарникарите интервенирале покрај патот Битола-Прилеп во близина на село Вашарејца. Два пожара биле изгаснати кај во месноста Заград и покрај железничка пруга помеѓу селата Слепче и Браилово во општините Прилеп и Долнени, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 1.631 повици на единствениот број за пријавување итни случаи 112 . Најмногу повици биле упатени кон полицијата (56,16%) и Итната медицинска помош (37,44%). Другите повици биле упатени кон територијалните единици за противпожарна заштита и АМСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ