вторник, 22 октомври 2024

Важна победа за Динамо Загреб на гостувањето кај Астана

Објавено на

часот

Сподели

Нашиот Стефан Ристовски беше стартер на натпреварот. Во првото полувреме се пожали на повреда и побара замена, но сепак го доигра до крај. По укажаната помош во соблекувалната, Македонецот продолжи и во второто полувреме, на теренот остана до 79. минута кога беше повлечен.

Астана можеше да поведе уште во 12. минута, но тогаш поранешниот играч на Шкупи, Дарбо Дембо промаши пенал.

По три минути игра во второто полувреме, Видовиќ донесе водство за Динамо Загреб од 1-0.

Работите се влошија за Астана во 73. минута кога Јованчиќ заработи втор жолт картон, домаќините останаа со фудбалер помалку.

Тоа го искористи Динамо Загреб и со гол на Канеко во 79. минута ги постави конечните 2-0.

Во последното коло Динамо во Загреб го пречекува тимот на Балкани, со триумф хрватскиот тим сигурно го обезбедува местото во следната фаза од Конференциската лига.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ