сабота, 19 октомври 2024

Важен состанок во Белата куќа за опасностите од вештачката интелигенција

Објавено на

часот

Сподели

Популарноста на вештачката интелигенција, како што е апликацијата ЧетГПТ, ги мотивираше компаниите да се обидат да лансираат слични производи. Поддржувачите на таквите апликации велат дека можат да поставуваат медицински дијагнози, да пишуваат сценарија, да создаваат легална содржина и да отстрануваат грешки во софтвер.

Милиони корисници почнаа да тестираат такви алатки, што доведе до зголемена загриженост дека технологијата може да доведе до нарушување на приватноста, извитоперени одлуки за вработување, измами и дезинформациски кампањи.

„Имаме намера да водиме искрена дискусија за ризиците во развојот на вештачката интелигенција“, рече висок претставник на администрацијата, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на ова прашање. „Нашата ѕвезда водилка е дека ако сакаме да ги искористиме предностите на вештачката интелигенција, треба да започнеме со управувањето на ризиците“, додаде тој.

Пред состанокот, администрацијата најави инвестиција од 140 милиони долари од Националната научна фондација за лансирање на седум нови истражувачки институти за вештачка интелигенција. Исто така, администрацијата рече дека канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа ќе објави насоки за владината употреба на вештачката интелигенција.

Набргу откако Бајден ја објави својата кандидатура за реизбор, Републиканскиот национален комитет објави видео во кое е прикажана дистописка иднина за време на вториот мандат на Бајден, која е создадена целосно со помош на вештачка интелигенција. Ваквите политички реклами се очекува да станат почести со проширувањето на технологијата за вештачка интелигенција.

Регулаторите на Соединетите Американски Држави потфрлија во строгиот пристап што го презедоа европските влади кон технолошката регулатива и во изработката на строги правила за сериозно фалсификување и дезинформации кон кои компаниите мора да се придржуваат или ризикуваат високи казни, пишува Ројтерс.

„Не го гледаме ова како трка“, рече претставникот на администрацијата, додавајќи дека администрацијата тесно соработува со Советот за трговија и технологија САД-ЕУ за ова прашање.

Технолошките гиганти многу пати ветија дека ќе се борат против пропагандите околу изборите, лажните вести за вакцините против ковид-19, расистичките и сексистички пораки, порнографијата и експлоатацијата на децата и пораките со омраза насочени кон етничките групи.

Но, истражувањата покажуваат дека тие не биле успешни. Околу еден од пет лажни написи на англиски јазик на шест главни платформи на социјалните медиуми е означен како погрешен или отстранет, според неодамнешното истражување на активистичката невладина организација Авааз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ