петок, 25 октомври 2024

Вашингтон пост: САД ја укинаа забраната на украинската бригада Азов да користи американско оружје

Американската администрација ја укина забраната што ја спречуваше контроверзната украинска воена единица Азов да користи американско оружје, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на Стејт департментот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Весникот наведува дека портпаролот на Стејт департментот одбил да каже кога е укината забраната и дали американското оружје веќе стигнало до Азовската бригада.

САД ја донесоа одлуката, да се укина децениската забрана што го спречуваше баталјонот Азов да користи американска обука и оружје, откако новата анализа покажа дека нема докази дека единицата ги крши човековите права, пренесува Вашингтон пост.

„По темелна истрага, 12-та специјална единица на баталјонот Азов ја помина Лихиевата проверка спроведена од Стејт департментот“, пишува институцијата во извештајот достапен за американскиот медиум.

Лихиевиот закон забранува американска воена помош за странски единици кои ги прекршиле човековите права.

Баталјонот Азов, единица со екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Украинската национална гарда и еволуираше од баталјон формиран во 2014 година.

Единицата е позната во Украина по својата одбрана од руската инвазија, особено јужниот град Мариупол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ