петок, 25 октомври 2024

Варшава вложува милиони во скривници

Варшава ќе потроши 117 милиони злоти (околу 30 милиони долари) во следните две до три години на атомски скривници и на други безбедносни мерки, додека војната во соседна Украина влегува во третата година, кажа вчера градоначалникот на полската престолнина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако Полска ги уверува своите граѓани дека членството во НАТО значи дека се безбедни од евентуален руски напад, инвазијата во соседната земја влијае на властите да ги забрзаат подготовките за потенцијални напади.

„На наша иницијатива се направени пописи на местата за засолнување“, кажа Рафал Тшасковски на конференција за новинарите по објавувањето на извештајот на Врховната ревизорска агенција во земјата за капацитетите на скривниците.

Според податоците на пожарникарската служба, помалку од четири отсто од популацијата може да смета на место во засолништата, се наведува во извештајот на ревизорот. Исто така се укажува дека недостигот од основни регулативи за засолништата, вклучувајќи ја неопходната опрема и техничките карактеристики потребни за заштитната структура.

Подземните гаражи и метро станиците се меѓу седумте милиони квадратни метри простор во Варшава кои можат да служат како засолништа, кажа градоначалникот. Тој додаде дека болниците ќе бидат подготвени за закани а жителите ќе бидат обучени како да постапуваат во вонредни ситуации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ