петок, 18 октомври 2024
ПМФЛ

Вардар славеше во дербито против Работнички, Мицевски даде гол, па се повреди при прославата (ВИДЕО)

Вардар дојде до многу важна победа во дуелот со градскиот ривал Работнички, црвено-црните триумфираа со 1-0 со гол на Мицевски од пенал кој се повреди при прославата и предвреме го заврши натпреварот.
 

Објавено на

часот

Сподели

Работнички беше фаворит во дуелот со Вардар, но бодовите одат на контото на црвено-црните кои славеа минимална победа во еден не многу интересен натпревар за гледање.

Клучниот момент се случи во финишот од натпреварот. Течеше 74. минута кога Мурати играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата покажа пенал за Вардар. Сигурен реализатор на најсторгата казна беше капитенот Мицевски кој даде гол од белата точка за водство на црвено-црните од 1-0, што беше и конечен резултат.

Но овој гол не донесе само радост за Вардар, при прославата Мицевски го повреди коленото и мораше да го напушти натпреварот. Можно е да се работи и за потешка повреда на капитенот, тоа би било сериозен удар за црвено-црните.

Шкендија во Тетово одигра само 1-1 против Брера од Струмица. Сисе во 75. минута донесе водство за струмичани, Шиља четири минути подоцна погоди за бод за тетовскиот тим.

Шкупи кој во Куманово ја пречека Брегалница, славеше со 1-0 против штипскиот тим со гол на Илиевски на почетокот од мечот.

Шампионот Струга со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, Згуро и Мазрекај стрелаа во првото полувреме, Бесарт Ибраими го постави конечниот резултат во вториот дел.

Силекс со гол на Ристевски на десет минути пред крајот беше подобар од Тиквеш. Новајлиите Гостивар и Воска одиграа нерешено 1-1.

ПМФЛ 11. коло

Работнички – Вардар 0-1
Мицевски 75

Шкендија – Брера 1-1
Шиља 79 – Сисе 75

Македонија ЃП – Струга 0-3
Згуро 7, Мазрекај 42, Ибраими 81

Шкупи – Брегалница 1-0
Илиески 5

Силекс – Тиквеш 1-0
Ристовски 80

Гостивар – Воска 1-1
Потук 90 – Марушиќ 65

Табела: Шкендија 24, Шкупи 22, Струга 21 (-1), Силекс 19, Брера 15, Тиквеш 14, Работнички 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 11, Воска 11, Гостивар 11, Вардар 8 (-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ