сабота, 19 октомври 2024

Вардар се врати во својот тренинг центар во Хиподром

ФК Вардар конечно се врати во својот тренинг центар во Хиподром кој не можеа да го користат во изминатите години бидејќи официјално не е во сопственост на клубот.
 

Објавено на

часот

Сподели

Актуелното раководство на Вардар најде решение за враќање на тренинг базата, па фудбалерите ќе имаат одлични услови за тренирање оваа сезона.

„ФК Вардар официјално се враќа во својата база во Хиподром. По неопходната реконструкција на самиот објект, нашите фудбалери предводени од стручниот штаб, повторно ќе ги имаат најдобрите услови за тренинг“, стои во соопштението на Вардар.

Вардар во моментов е последен на табелата, а во недела имаат сериозен предизвик кога на стадионот во Маџари ќе го пречекаат тимот на Шкендија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ