петок, 29 ноември 2024

Вардар го промовираше Босанчиќ како ново засилување

Српскиот фудбалер, Немања Босанчиќ се враќа во македонската лига откако стави потпис на договор со Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар донесе засилување по мерка на новиот тренер, Срѓан Захариевски кој неодамна го презема кормилото.

29-годишниот Босанчиќ доаѓа од литванската екипа Паневезис, а во ПМФЛ има играно за Струга во сезоните 2020/21 и 2021/22 кога токму Захариевски беше негов тренер.

Србинот за Струга има одиграно 48 натпревари на кои има забележано 11 асистенции и постигнато 10 голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ