Вардарци ќе бидат освежени со финансиска инјекција пред клучниот натпревар. Според најавите, парите кои ги доделува општина Кисела Вода, денеска или најдоцна утре ќе легнат директно на сметките на фудбалерите и на стручниот штаб.
Ова нема да биде инцидентна помош од општина Кисела Вода, тие планираат и во иднина да издвојуваат финансии за ФК Вардар.
Натпреварот меѓу Вардар и Скопје се игра во недела од 17 часот на стадионот во Кавадарци.