вторник, 22 октомври 2024

Вардар без португалското засилување ќе ја почне сезоната

Португалскиот ракометар, Мигуел Пинто кој е нов ракометар на Вардар, го повреди коленото, врз него е извршена операција која ќе го одалечи од теренот околу 2-3 месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Пинто во Вардар пристигна како сериозно засилување, но во текот на подготовките се повреди и врз него е извршена операција на менискусот на десното колено.

Вардар соопшти дека Пинто имал успешна операција и се очекува да паузира од осум до десет недели.

Португалецот претходно потпиша двегодишен договор со Вардар до јуни 2026 година, а игра на позицијата десно крило и дојде од редовите на португалски Агуас Сантас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ