Челси се врати од два гола негатива на гостувањето на Вила Парк, во последните мигови избраниците на Маурисио Покетино на кратко се ираздуваа и на гол за победа, но ВАР замеша прсти и на крајот бодовите беа поделени.
Астон Вила поведе рано, Кукуреља во 4. минута си ја затресе сопствената мрежа за предност на домаќините од 1-0. Пред крајот на првиот дел, Роџерс реализираше за 2-0.
Но „сините“ не се предадоа, Мадуеке во 62. минута намали на 2-1, за потоа Галагер да изедначи на 2-2 во 81. минута.
Длабоко во судиското надоплнување, Дисаси погоди за 2-3 и голема радост, но тогаш на сцена стапи ВАР, кој го поништи голот и спречи магичен кам-бек на Челси.