понеделник, 21 октомври 2024

Ванг Ји: Кина и Америка имаат несогласувања, но и заеднички интереси и предизвици

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, за време на посетата на Вашингтон се заложи за дијалог меѓу Кина и САД, велејќи дека тие се „две големи земји што имаат несогласувања и противречности“, но и „важни заеднички интереси и предизвици што треба заедно да се решаваат“, известува Чајна медиа груп (ЦМГ).

Објавено на

часот

Сподели

Ванг Ји, член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и министер за надворешни работи, вчера во Вашингтон се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој во краткото обраќање пред новинарите пред средбата рече дека станува збор за возвратна посета по покана на државниот секретар Блинкен.

„Двете земји не само што треба да продолжат со дијалог, туку и да имаат длабински и сеопфатен дијалог. Преку дијалог тие можат да го подобрат меѓусебното разбирање, да ги намалат недоразбирањата и погрешните проценки, постојано да бараат консензус и да остваруваат заемна корисна соработка. Двете страни треба да ги поттикнат билатералните односи и да ги вратат на патеката на здрав, стабилен и одржлив развој“, нагласи Ванг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ