четврток, 28 ноември 2024

Ван Перси како тренер на Херенвен доживеа историски пораз од 9-1 па порача: Се случува, со Арсенал изгубив 8-2

Изминатиот викенд не беше добар за Робин ван Перси, неговата тренерска работа во Херенвен не започна најдобро, доживеа тежок дебакл на гостувањето кај АЗ Алкмар.

Објавено на

часот

Сподели

Ван Перси оваа сезона дебитира како самостоен тренер, а негов прв клуб кој го води е Херенвен.

Дали ќе има успешна тренерска кариера или не, ќе покаже времето, но викендов имаше катастрофален ден.

Неговиот тим доживеа тежок дебакл на гостувањето кај АЗ Алкмар каде загуби со 9-1. Тоа е највисокиот пораз на овој клуб во историјата.

„Знам како функционира ова, имам големо искуство. Исто така загубив со 8-2 од Манчестер јунајтед како фудбалер на Арсенал. Тоа воопшто не е забавно, но се случува во фудбалот. Ова треба да ни послужи како поука. Ова е дел од нашиот пат да станеме најдобра верзија од себе“, рече Ван Перси по натпреварот.

„Тешко е да се проголста. Се добиваат тешки удари во кариерата, овој е многу тежок. Научивме неколку лекции за само 90 минути, научивме многу повеќе од што треба да научите од еден меч. За жал, ова е фудбалот. За да станете најдобар, треба да се кренете и да продолжите напред после првата препрека“.

По четири одиграни кола, Херенвен има освоено четири бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ