вторник, 22 октомври 2024

Валенсија ја искористи големата пасија на Столе Димитриевски и на уникатен начин го претстави Македонецот (ВИДЕО)

Валенсија го потврди ангажманот на Столе Димитриевски, клубот од Местаља ја искористи големата пасија на голманот кон кафето за да го претстави на уникатен начин.

Објавено на

часот

Сподели

Популарните „лилјаци“ го официјализираа трансферот на Столе Димитриевски, кој пристигнува на Местаља како слободен играч.

„Валенсија постигна согласност со Столе Димитриевски за соработка до 30. јуни 2026 година“ – гласеше известувањето.

Медиумите брифирата дека соработката всушност е на 2+2 години, последните две години ќе зависат од бројките на голманот и успесите помеѓу стативите.

Македонецот беше претставен на уникатен начин, Валенсија ја искористи неговата пасија кон кафето па Столе Димитриевски беше пречекан од актерот Артуро Ваљс во кадар од популарната шпанска серија „Камера Кафе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ