сабота, 19 октомври 2024

Вагнер се обидел да купи оружје од НАТО членка

Објавено на

часот

Сподели

Турција како членка на НАТО се смета за партнер на САД и другите западни земји кои ја пумпаат со оружје Украина и јавно изрази противење на конфликтот. Во Турција се наоѓа главната американска воена база во која се чува нуклеарно оружје.

Според извештајот на американските разузнавачки служби цитиран во документот, претставници на Вагнер се сретнале со „турски контакти“ на почетокот на февруари со намера „купување оружје и опрема од Турција“ кои потоа би можеле да ги користат борците на Вагнер кои се борат со руските сили во Украина.

Нејасно е кои биле тие контакти и дали турската влада знаела за состаноците. Нема докази дека е постигнат напредок во договорот околу продажбата на оружје. Сепак, можноста НАТО членка да ѝ продава оружје на руска приватна безбедносна компанија веројатно би предизвикала сериозна загриженост во Вашингтон и би ги искомплицирала односите на Анкара со НАТО.

Документот кој е објавен под наслов „Мали, Русија, Турција: Вагнер бара оружје од Анкара“ открива детали од состанокот во февруари и сугерира дека ова не бил прв ваков обид на Вагнер да набави оружје. Се наведува дека Вагнер групата планирала да ги користи оружјето и опремата од Турција во Мали, африканската земја во која дејствува компанијата.

Дополнително, во документот се тврди дека паравоената група планира да продолжи да регрутира затвореници од затворите во Русија. Си-ен-ен не можел независно да ја потврди веродостојноста на документот, но американски функционери наведоа дека повеќето податоци кои протекоа се автентични.

Портпарол на Стејт департментот истакна дека министерството за одбрана и разузнавачката заедница активно ја прегледуваат и проценуваат валидноста на документите, додавајќи дека „не се во позиција да потврдат или коментираат која било конкретна информација која ја содржат“.

Американските власти веќе долго се соочуваат со комплицираната реалност на единствениот однос на Турција со Москва. Иако турската влада ја осуди руската инвазија на Украина, за разлика од повеќето НАТО членки задржа блиски односи со власта во Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ