сабота, 19 октомври 2024

Утрово по подолго време – без активни пожари

Противпожарните тимови вчера интервенирале на три пожари на отворено и сите се изгаснати. Влажното  време придонело тие пожари повторно да не бидат активирани заради ветерот во тие планински предели, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера гореа стрништа, сува трева, ниска вегетација, деградирана шума, а и мешана и борова шума во Македонски Брод, над селото Белица, Лозово, кај селот Милино и кај Зрновци, во атарот на село Видовиште.

И покрај дождот во нашата држава, пожарникарите имаа повторно ангажман за гаснење три пожари на отворено и сите се изгаснати, благодарение на навременото реагирање, а и брзото пријавување на ваквите итни случаи на 112 во ЦУК, во интерес на зачувување на природните богатства, во конкретниот случај на шумите, а секако и на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во државата, велат од ЦУК. 
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ