Според УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде од 32 до 39 степени, а УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 37 степени.