Како што информира УХМР, до 8 часот утрово се измерени 15 литри на метар квадратен во Охрид, 10 во Битола и Крушево, 9 во Лазарополе, 7 во Претор и Маврови Анови, 6 во Ѓуриште, 4 во Кавадарци, Пожар, Прилеп, Демир Капија и Виница, 3 во Штип, како и два во Тополчани, Струмица, Крива Паланка и Велес.
До 8.30 часот било 9 степени во Лазарополе, 11 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Претор, 13 во Берово и Охрид, 14 во Битола, 15 во Крива Паланка, Прилеп и Виница, 16 во Тетово и Струмица, како и 17 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово и Демир Капија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена. UV=7.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 28 степени.