петок, 8 ноември 2024

Утре претседателот Пендаровски ќе има годишно обраќање пред пратениците

Во Собранието на Македоја утре ќе се одржи традиционалното новогодишно обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски, а доколку во парламентот има кворум би можеле да се одржат продолженија на седници за кои има услови за тоа. За 22 декември е закажана редовна седница на која ќе започне дебатата за Буџетот за 2024 година, информирал денеска на средба со координаторите на пратеничките групи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Објавено на

часот

Сподели

Седницата за пратенички прашања, последна за оваа година, ќе се одржи во четврток на 28 декември, а Собранието ќе работи до петок, 29 декември. Првата наредна ќе биде на 9 јануари 2024 година, а во текот на месецот ќе има најверојатно уште една нова седница. Потоа би следувала седницата за избор на техничката влада што треба да се случи на 28 јануари, а чиј премиер ќе биде Џафери.

Џафери на координацијата исто така информирал за процедурата за избор на член на Државната изборна комисија, што треба да се избере до со двотретинско мнозинство.

Претседателот на Собранието Џафери на 15 декември до претседателите на опозициските партии на Албанците, Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами, Арјанит Хоџа и Скендер Реџепи-Зејд го испратил Извештајот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со утврдената листа на кандидати за член на ДИК.

Тие најдоцна до денеска до 16:30 треба писмено да му достават предлог за член на ДИК од доставената листа. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати од кои треба да се избере член на ДИК и тоа – Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.

На координацијата не присуствувале претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ