сабота, 19 октомври 2024

Утре попладне можен прекин на МојДДВ, а нема да работат е-ПДД и е-Даночни услуги

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека од утре попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“. Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29 август2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период,  можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира“, се вели во информацијата од УЈП.

 

Се апелира до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ