вторник, 22 октомври 2024

Уставните измени во вторник на матичната собраниска комисија за уставни прашања

Објавено на

часот

Сподели

Со расправа во матичната собраниска комисија за уставни прашања во вторник и официјално ќе започне процедурата за уставни измени со кои Бугарите ќе треба да се вметнат во македонскиот Устав.

Иницијативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и од денес течат роковите за нејзино процесуирање, соопштија денеска од собраниската прес-служба.

„Претседателот Талат Џафери потврди дека инициативата за промена на Уставот е пристигната во Собранието и дека од денес течат роковите за процесуирање на истата. Тој изрази уверување дека доколку има политичка волја, целиот процес ќе може да се заврши до месец ноември оваа година“, се вели во соолштението.

Ние сме Европа во мало, познати сме по тоа што сите етнички заедници ги имаат правата и уставните измени ќе значат само дополнително унапредување, изјави премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарско прашање поврзано со уставните измени.

„Затоа, очекувам 120-те пратеници да имаат доблест и храброст и да гласаат за уставните измени, за напредок на државата“, рече премиерот.

Добро е тоа што владата ги подготви амандманите за уставните измени, но тоа не е сѐ, изјави Румен Радев, претседателот на Бугарија по информацијата дека македонската влада ги усвоила и ги испратила уставните амандмани до Собранието. Шефот на бугарската држава изрази загриженост што бугарските власти не реагирале на Декларацијата на Бундестагот за Македонија.

Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што ќе го озозможи пристапувањето на Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, истакна специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот  за надворешна политика на Конгресот на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ