среда, 30 октомври 2024

Уставниот суд нема да испитува дали е законски дел од договорот со Бехтел и Енка

Уставниот суд денеска со мнозинство гласови ја отфрли иницијативата со која се бараше испитување на уставноста на дел од Законот за изградба на автопатиштата долж коридороите 8 и 10д со кој на конзорциумот Бехтел и Енка му се дозволува да започне со експлоатација на минерални суровини само со поднесување на барање за доделување на концесија од страна на државата која е инвеститорот во овој проект.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на МКД.мк судијата известител што работел на оваа иницијатива предложил да се поведе иницијатива за испитувње на уставноста, но мнозинстовто судии се изјасниле против тоа.

„Во законот не е предвидено надлежниот орган да даде дозвола да може да се врши експропријација, да се врши ископ на минерални суровини. Како и каде сопствениците на нивите би можеле да се жалат ако се утврди дека изведувачот не ја поседув целосната документција? Во законот не е предвидено ниту барањето да биде комплетно. Предвидено е само да биде поднесено барање за ископ на минерални суровини“, рекол судијата во образложението зошто смета дека треба да биде оценувана уставноста на дел од законот.

Дел од судиите кои биле против предлогот на судијата известител се повикале на претходна одлука на судот од декември 2021 година, па затоа сметаат дека постапка не треба да биде покрената.

А, Уставниот суд официјално соопшти дека не ги прифатил двете иницијативи, едната поднесна од Хелсиншкиот комитет и другата од Жарко Стеваноски, адвокат од Прилеп.

„Уставниот суд оцени дека e неосновано тврдењето дека терминот „градби од стратешки интерес” е недефиниран, а отсуството на законска рамка која ќе го регулира прогласувањето на одредени проекти од национално или стратешко значење доведува до правна несигурност. Исто така според судот неосновано е тврдењето дека со оспорените одредби се повредува уставно-загарантираното право на граѓанинот да бара судска заштита на своите права, бидејќи градбите од стратешки интерес сами по себе не може да претставуват основ за ограничување на правото на граѓаните да побараат судска заштита за одложување на експропријацијата или одземање на владението како едно од овластувањата кои произлегувале од правото на сопственост. Судот при расправата и одлучувањето утврди дека веќе има заземено став дека Собранието има уставен основ со специјален закон да уреди посебен правен режим за постигнување на легитимна цел,  во предметот во кој претходно беше оспорен Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (Делница: Тетово-Гостивар-Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и Коридорот 10д (Делница на Автопатот Прилеп-Битола) во Република Северна Македонија“, информираа од Уставниот суд.

Според судот, во наведениот закон, кој веќе го има поминато филтерот на уставноста, законодавецот точно утврдил што е јавен интерес, го издигнал на ниво на стратешка важност и предвидел за кој дел од постојната законска регулатива во целост или делумно нема да се применува за да може да се олесни реализацијата на стратешкиот проект.

Легитимната цел на законодавецот, велат од судот претставува реализација и заштита на вредностите коишто ги афирмира Уставот.

„Општествената оправданост и стратешките интереси произлегуваат од реалната состојба во Републиката во поглед на патната инфраструктура, безбедноста на патиштата, регионалното поврзување, регионалниот развој, регионалното поврзување со паневропски коридори и импликациите односно последиците од таквата состојба во економската реалност во државата. Овие уставни вредности го оправдуваат јавниот, односно стратешкиот интерес на државата. Согласно претходната уставно-судска практика судот оцени дека не се повредува правото на сопственост, бидејќи се предвидува заштита на сопственоста на недвижноста на начин и со закон е обезбеден надоместок на штета како и судска заштита“, соопшти Уставниот суд.

Оттаму дополнуваат дека за прашањето на членот 9 од Уставот со кој е предвидено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, судот претходно во бројни случаи зазел став дека повреда на принципот на еднаквост може да се утврди само во случај на нееднаков третман на граѓаните кои се во иста фактичка и правна положба во ист правен режим, но не и кога станува збор за различни правни режими.

„Дополнително при расправата за предметот 182/2024, судот утврди дека веќе има заземено став за т.н. Закон за утврдување на стратешки партнер за Коридорите 8 и 10согласно кој, Собранието има уставен основ со специјален закон да уреди посебен правен режим за постигнување на легитимна цел. Судот во тој предмет утврди дека законот во целост е во согласност со уставните одредби со кои беше оспорен од подносителот на иницијативата, односно судот го имаше предвид фактот дека кога станува збор за предмети од стратешка важност кои се утврдени со закон, дел од постојната регулатива во целост или делумно нема да се применува за да се олесни реализацијата на стратешкиот проект, што значи Законодавецот има право и овластување со законски измени во повеќе закони да воспостави нов правен режим за такви проекти чија стратешка важност и јавен интерес е претходно утврден во законскиот интерес  за градби“, велат од Уставниот суд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ