вторник, 22 октомври 2024

Уставниот суд и Правниот факултет при УКИМ заеднички ќе го подигаат кредибилитетот на правосудството

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Сашо Георгиевски денеска потпиша Меморандум за соработка со кој се овозможува размена на знаења и искуства и јакнење на инстититуционалните капацитети, која треба да придонесе и за подигање на политичката и правната култура во државата.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Костадиновски истакна дека за него како судија и претседател на Уставниот суд потпишувањето на овој Меморандум е добра вест за уставното судство, бидејќи цени дека поголемото приуство на науката во Уставниот суд ќе биде од врвно значење, а самиот Меморандум. ќе донесе бенефит за двете инмституции.

„Не случајно како врвен приоритет ја поставив поголемата присутност на науката во Уставниот суд. Прво моја лична оценка беше дека предолго време науката отсуствувапше од УС и тоа е нешто што мора да се поправи. Професор Георгиевски кажа дека природна и нормална е врската меѓу факултетот и судот и таа заемна инетракција треба да ни донесе заемена корист особено за прашања од значење за уставното судство, а такви има многу. Втората, мојата лична оценка за состојбите во државата воопшто и за довербата на граѓаните не само во правосудниот систем туку генерално во државниот систем, е ниската политичка, пред сѐ политичка, правна, уставна и судска култура. Ова е една од формите во која ние можеме да соработуваме и за подигнување на таа култура, бидејќи отстуството на таа култура предолго во нашето општество не доведе до оваа состојба. Постојат многу форми за соработка, очекувам плодна соработка и особено ми е драго што токму јас со мојот двоен ментор ја потпишавме оваа соработка“, рече Костадиновски, потенцирајќи дека ќе направи сѐ да се реализираат сите содржини.

Професор Георгиевски истакна дека Уставниот суд не е обичен суд, тоа е инстутуција која стои над правниот систем, над уставно – правниот поредок со многу сериозна задача да пополнува прзнини да утврдува насоки и принципи за тоа каде треба да се движи воопшто правото, како да функционира правниот систем и за тоа, вели, на Уставниот суд му е едноставно неопходна и академска база.

„Не случајно Уставните судови во светот во своите редови имаат и претставници од академијата и истакнати правници кои објавувале трудови и се занимавале со научна дејност. Тука е спојот меѓу нас, ние сме навистина многу заинтересирани за интензивна соработка и да помогнеме во насока на подигнување на прваната култура во рамки на професионалците и надвор од тоа во јавноста, подигнување на авторитетот на обете институции. Ние веќе утврдивме агенда како ќе соработуваме што говори за желбата и подготвеноста за соработка“, рече Георгиевски за Меморандумот кој е на иницијатива на Костадиновски и на Уставниот суд.

На новинарско прашање за тоа што опфаќа агендата Костадиновски појасни дека во наредните десетина дена ќе се утврдат теми и дилеми кои ќе бидат во фокусот од сите правни области, а предвидени се и две работилници, една во октомври во Уставниот суд, а втората до крајот на годината на Правниот факултет. Соработката меѓу другото опфаќа и воспоставување програма за волонтирање на студенти во Судот, за спроведување истражувања од студенти на постдипломски и докторски студии, заедничко аплицирање за проекти од областа на уставното право и уставното судство, ангажирање претставници од факултетот при изготвување посебни извештаи, изработка на зборници.

„За мене најважно е да ја слушнеме правната мисла за важните уставно – правни теми и дилеми, кои ни се појавуваат секој ден при работата на секој предмет, на секоја седница. Идејата е да си помогнеме едни на други – правната мисла да ни помогне нас како судии за да го подигнеме и кредибилитетот и угледот на Уставниот суд, но од друга страна и ние да му помогнеме на Правниопот факултет кој е најстрар најемнинентен субјкет во нашата држава, да помогнеме и на негоивот кредибилитет и углед“, рече Костадиновски.

Меморандумот за соработка влегува во сила со денот на неговото склучување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ