петок, 14 март 2025

Успешен настап на македонската делегација на глобалниот самит во Баку

На официјалните и неофицијалните средби на 12 Глобал Баку форур македонската делегација предизвикаа интерес меѓу медиумите и меѓународните институции. Во македонската делегација беа претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министерката Сања Божиновска кои се сретнаа со актуелни и поранешни светски лидери.

Објавено на

часот

Сподели

На овој форум под наслов ’Rethinking World Order: Turning Challenges into Opportunities‘ учествуваа лидери и експерти од различни сектори и дискутираа за актуелните глобални предизвици и можности.

Учеството на овој форум е значајна прилика за Македонија да се позиционира како активен учесник во глобалните дискусии. Темите на дискусијата, од геополитика до енергетска безбедност и нови технологии, соопшти Министерството за енергетика.

„Имаме многу да понудиме и да научиме во контекст на енергетската соработка и иновациите. Заедно, ќе создадеме одговорни партнерства и ќе ја истакнеме улогата на средните сили во новиот мултиполарен свет“, истакна министерката Божиновска.

Во рамки на самитот, министерката Божиновска размени мислења со истакнати меѓународни лидери, вклучително и поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, како и Амир Досал, кој беше директор на Фондацијата за ОН.

Разговорите со влијателни меѓународни актери отвораат нови можности за продлабочување на економските и енергетските врски на Македонија со светот, смета Божиновска.

Овој форум е еден од најзначајните меѓународни настани, каде што се креираат глобални стратегии и партнерства. Фокусот на годинашниот форум е мултиполарниот свет, економските и геополитичките предизвици, како и иновативните решенија за иднината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ