вторник, 22 октомври 2024

Условни осуди за седуммина што во јануари упаднаа во Контрола на летање на скопскиот аеродром

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум обвинети како соизвршители на кривичното дело – спречување на службено лице во вршење службено дејствие. На шестмина од обвинетите им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од шест месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година и шест месеци по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. За еден обвинет кој бил претходно осудуван против општата сигурност, изречена е условна осуда со заштитен надзор, односно казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, соопшти Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Од Јавното обвинителство појаснуваат дека ндлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги склучил предлог- спогодбите по целосно прибирање и анализа на доказниот материјал поврзан со настанот кој се случи на 4 јануари во просториите на М-НАВ, на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Имено, во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални искази од вработени лица во М-НАВ како сведоци на настанот и од оштетеното службено лице, како и извештаи за безбедноста на авиосообраќајот во критичниот момент од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од меѓународната агенција Еуроконтрол. Овие докази не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај и од тие причини повеќе не опстојува кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај за што беше поведена истрага. Од видео материјалот прибавен во истрагата и исказите на оштетениот и сведоците произлегува дека единствено се исполнети обележјата на кривичното дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие и тоа согласно ставот 3, за кој е запретена казна затвор од 3 месеци до 5 години. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител побара и доби согласност од Вишото јавно обвинителство Скопје за промена на правната квалификација под која се водеше досегашната постапка“, информираа од ОЈО Скопје.

Оттаму дополнуваат дека сега веќе осудените, заедно, со сила дека непосредно ќе го нападнат контролорот на летање, го спречиле во вршење на службеното дејствие.

„Откако влегле во објектот на М-НАВ спротивно на одредбите од Правилникот за редот и дисциплината на вработените во навигациското тело, тие започнале насилнички и навредливо да се однесуваат кон оштетениот вработен.Настанала расправија и турканица помеѓу обвинетите и оштетениот, при што во еден момент еден од обвинетите му удрил шлаканица на оштетениот. По настанот, сите го напуштиле објектот на М-НАВ, оштетениот не се вратил на работното место и на тој начин со нивните дејствија обвинетите го спречиле оштетениот во вршење на своите професионални задачи, како контролор на летање на давање услуги на воздухопловна навигација“, објаснуваат од ОЈО Скопје.

Од Обвинителството велат дека, соочени со доказите за ова кривично дело, обвинетите изразиле подготвеност да склучат предлог – спогодба со обвинителството и да ја прифатат осудителната пресуда. При одмерување на казната биле ценети сите околности и дејствијата на секој од осомничените во предметот поединечно, отсуството на трајна последица, како и судската пракса за осуди за вакви кривични дела.

„За осмиот осомничен опфатен со првичната истрага постапката е запрена, бидејќи тој не учествувал во дејствијата на спречување на службеното лице во вршењето на работите“, информираа од ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ