петок, 18 октомври 2024

Уште едно палење на Куранот во Данска: екстремисти ја запалија светата книга на муслиманите пред амбасадата на Египет

Објавено на

часот

Сподели

Данската влада соопшти дека го осудува сквернавењето на Куранот и дека станува збор за „провокативни и срамни акции“, со оценка дека владата нема моќ да ги блокира ненасилните демонстранти.

„Слободата на говорот за време на демонстрациите не вклучува само вербално изразување. Луѓето може да се изразат на различни начини, како што е палење предмети“, кажа професорката по право на универзитетот во Копенхаген Трине Баумбах.

Екстремистичката група Дански патриоти претходно организираше палење на Куранот пред амбасадата на Ирак во Копенхаген, а слични инциденти минатиот месец се случија и во Шведска.

Министерството за надворешни работи на Ирак ги повика властите во земјите на Европската Унија „брзо да ја преиспитаат таканаречената слобода на изразување и правото на демонстрации“, а властите на Турција соопштија дека „остро го осудуваат одвратниот напад“ на Куранот.

Официјална Анкара ја повика Данска да преземе неопходни мерки за да ги спречи ваквите „злосторства од омраза“ против исламот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ