Станува збор за прволигашот Воска dпорт кој неодамна имаше одредени структурни промени и зимава доведе неколку имиња, како и за второлигашот Брегалница Штип. На новата листа на ФИФА е наведено дека Воска и Брегалница не смеат да регистрираат нови фудбалери.
Причината за овие забрани од страна на ФИФА се тужби и проблеми поради неисплатени плати кон вработените во клубовите. Времетраењето на санкциите е на три преодни рока.
Од претходната листа повеќе го нема второлигашот Скопје кој го реши проблемот. Сепак, тука се уште е Шкупи кој има нова пријава од јануари, иако новите сопственици најавија дека брзо ќе ги разрешат проблемите од овој вид.