„Унгарското искуство со реорганизирање на Одборот за акредитација на високото образование кој е основан во 1993 година, но реформиран во поново време, може многу да ни помогне во насока на подигнување на ефикасноста и ефективноста во работењето на нашиот. Благодарна сум на директорот кој сподели повеќе информации за промените што ги направија изминатиот период и го дадоа очекуваниот резултат, рекла Јаневска по средбата“, соопштија од МОН.
Во соопштението се додава дека министерката Јаневска учествува на дводневен Самит на министри за образование, иновации и култура на Западен Балкан и Унгарија, а во текот на денешниот ден го посетила и македонскиот лекторат на Универзитетот ЕЛТЕ каде остварила средба со професорот Златко Панзов и со дел од 25-те студенти од Унгарија, Украина, Кина и други држави кои одбрале да го изучуваат македонскиот јазик. Таа остварила средба и со македонски студенти кои студираат на унгарските универзитети преку стипендии во рамки на програмата Стипендиум Хунгарикум.