понеделник, 21 октомври 2024

Урната дивоградба, нема веќе провлекување низ „дупки на законот“, велат од Ѓорче Петров

На странката ѝ беше даден рок кој го игнорираше, поради што пристапивме кон отстранување на дивоградбата на државно земјиште, велат од Општина Ѓорче Петров откаде нагласуваат дека нема да толерираат урбана мафија и провлекување низ „дупките“ од законот.

Објавено на

часот

Сподели

„Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола. Согласно законската регулатива, донесовме решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите. Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и “дупки во законот” за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото“, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој нагласи дека Општината цврсто стои на ставот да се справи со сите кои ќе намислат слично да постапуваат.

„Имајте предвид дека никој нема да биде поштеден“, порача градоначалникот Стојкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ