вторник, 22 октомври 2024
Орбан во Киев за прв пат од почетокот на војната

Унгарскиот премиер пристигна во ненадејна посета на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во посета на Киев, негова прва од почетокот на војната во Украина, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ, објави Ројтерс. Орбан ќе се сретне со Зеленски и други високи претставници во Киев само неколку дена откако двајцата разговараа на самитот на ЕУ во Брисел.

Британската новинска агенција наведува дека Орбан, кој е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставувал на многу иницијативи на Брисел за поддршка на Украина во одбрана од руските напади.

Оваа година, по неколкунеделно противење, Унгарија заедно со другите членки на ЕУ ја поддржа помошта од 50 милијарди евра за Украина. ЕУ ги започна преговорите за членство со Украина минатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ