понеделник, 21 октомври 2024

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за НАТО кандидатурата на Шведска

Унгарскиот парламент го одби денес предлогот да се одржи гласање за кандидатурата на Шведска за придружување во НАТО, дополнително одложувајќи го вклучувањето на нордиската земја во западниот воен пакт.

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија е главната пречка за приемот на Шведска во НАТО откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го поднесе во турскиот парламент протоколот со кој го одобри приемот.

Владејачката партија Фидес, која ја води премиерот Виктор Орбан, која има апсолутно мнозинство во унгарскиот парламент, до одолговлекува гласањето за кандидатурата на Шведска од јули 2022 година.

Пратениците на Фидес го блокираа денес предлогот за закажување на гласањето, кажа Агнеш Вадаи, пратеничка на унгарската опозициска Демократска коалиција и поранешна државна секретарка во министерството за одбрана.

Следниот можен пат за гласање за ратификацијата ќе биде на седницата на парламентот која почнува н 6 ноември, кажа таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ