понеделник, 21 октомври 2024

Унгарски експерт: Ако Зеленски го нападне нафтоводот Дружба, НАТО ќе одговори

Објавено на

часот

Сподели

„Тие сакаат да нападнат држава од Алијансата, со кревање во воздух на нафтоводот би создале проблеми за индустрискиот сектор на Унгарија и земјата би ја довеле во тешка ситуација“, кажа Ногради за унгарскиот весник Маѓар немзет коментирајќи го написот на Вашингтон пост, во кој се наведува дека Зеленски тајно планирал напад на Држба, руски села и територијата зад линијата на фронтот за да предизвика дополнителни проблеми за Москва.

Вашингтон пост наведува дека, според информациите од протечените документи на Пентагон, имиџот на претседателот на Украина, зад затворени врати, всушност е целосна спротивност со реалната ситуација. во западната јавност тој е претставен како мирољубив лидер, но документите на Пентагон укажуваат дека станува збор за личност со „исклучително агресивен карактер“.

Во документ од средината на февруари се наведува дека Зеленски за време на разговор со потпретседателката на украинската влада Јулија Свириденко предложил да се предизвика експлозија на нафтоводот Дружба и така „да се уништи индустријата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија работа главно зависи од руската нафта“.

Унгарскиот безбедносен експерт потсетува дека, во согласност со Членот 5 од договорот на НАТО, Алијансата има обврска да одговори во случај на каков било напад на која било од земјите членки и додава дека Украина е потписничка на Договорот за енергетската повелба, што ја обврзува да овозможи безбеден транспорт на енергенси, дури и ако е во воен конфликт со друга земја.

Нафтоводот Држба е најдолгиот нафтовод во светот. Изграден е во шеесеттите години од минатиот век, откако во земјите од источна Европа порасна производството, што со себе повлече и поголема побарувачка за енергенси. Јужниот крак на Дружба минува низ Унгарија, преку кој таа се снабдува со нафта.

Центарот за управување со делот од нафтоводот кој минува преку територијата на Русија денес се наоѓа во градот Брјанск, односно во Брјанската област лоцирана на руската граница со Украина, поради што е честа мета на напади од Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ