петок, 25 октомври 2024

Унгарија остро против Руте да стане нов шеф на НАТО: „Сакаше да нè турне на колена“

Унгарија е против тоа холандскиот премиер Марк Руте да дојде на местото генерален секретар на НАТО, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, пренесува Политико со оценка дека тоа придонесува на неизвесноста околу тоа кој ќе го заземе лидерското место на западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секако не можеме да го поддржиме изборот на позицијата генерален секретар на НАТО за лицето кое претходно сакаше да ја примора Унгарија да падне на колена“, кажа Сијарто за Руте, кој е долгогодишен критичар на актуелната власт во Будимпешта, наведува Политико.

Изјавата на Сијарто доаѓа неколку дена пред средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со Доналд Трамп во САД, од друга страна, Лондон, Париз и Берлин навестија дека ќе ја поддржат кандидатурата на Руте за НАТО.

Земјите од источното крило, кои се блиску до границата на Русија, не се убедени во изборот на Руте од различни причини – балтичките земји се незадоволни поради недостигот од холандска посветеност на трошење за одбраната под Руте, додека романскиот претседател Клаус Јоханис е незадоволен од долгогодишниот отпор на Холандија неговата земја да влезе во Шенген зоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ