вторник, 22 октомври 2024

Унгарија остро го крева данокот на краткорочниот наем

Унгарија планира речиси четирикратно да го зголеми данокот на краткорочниот наем на станови во Будимпешта за да се избори со станбената криза во својата престолнина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според нацрт законот, месечниот данок на краткорочниот наем на станови ќе изнесува до 150.000 форинти, односно околу 373 евра, што претставува значителен пораст во однос на досегашните 38.400 форинти, пренесува Блумберг.

Покрај тоа, унгарската влада нема да издава нови дозволи за краткорочен наем на станбени единици во Будимпешта во 2025 и 2026 година, се наведува во нацрт законот.

Жителите на шестиот градски округ на Будимпешта, една од најпопуларните туристички дестинации, минатиот месец ја подржаа целосната забрана на краткорочниот наем почнувајќи од 2026.

Тие со години се жалат на бучавата, големото количество ѓубре и поскапувањето на кириите поради растот на туризмот.

Трошоците за живеење во Будимпешта во изминатите десет години пораснале за речиси четири пати, делумно и поради развојот на платформите за изнајмување како Букинг и Ербиенби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ