вторник, 22 октомври 2024

Унгарија и Словачка ја поддржаa кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО

Унгарија се откажа од противењето и му даде зелено светло на холандскиот премиер Марк Руте и неговата кандидатура за генерален секретар на НАТО, објави денеска холандскиот јавен сервис Нос, откако холандскиот премиер во заминување и неговиот унгарски колега Виктор Орбан се сретнаа на маргините на лидерска средба на ЕУ во Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со цел да го поддржи Руте, Унгарија имаше свои барања, меѓу кои беше и гаранција дека Унгарија нема да мора да обезбеди финансии за Украина или да испраќа свои војници во земјата разурната од војна. Услов што Столтенберг го исполни минатата недела, пренесува Ројтерс.

Оваа година, САД, Велика Британија, Франција и Германија ја поддржаа кандидатурата на Руте да го наследи Столтенберг, кој ќе се повлече од функцијата генерален секретар на НАТО во октомври.

Турција во април исто така им кажа на своите сојузници дека ќе го поддржи Руте.

НАТО одлуките ги носи со консензус, па на секој кандидат му е потребна поддршка од сите 32 сојузници.

И Словачка денеска ја поддржа кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, изјави словачкиот претседател Петер Пелегрини.

„Словачка претпочиташе „географски“ поблизок кандидат од Централна и Источна Европа. Словачка може да го замисли Марк Руте како шеф на НАТО и ќе го поддржи“, изјави Пелегрини по самитот на Европската унија во Брисел, пренесува Ројтерс.

Словачка, која граничи со Украина, ја нагласи потребата следниот шеф на НАТО да помогне во решавањето на заштитата на словачкиот воздушен простор, рече Пелегрини, откако претходната словачка влада ѝ го донираше системот С-300 на Украина.

„Ќе побараме од НАТО да најде систем за противвоздушна одбрана негде во земјите-членки што би можел да биде инсталиран во Словачка додека земјата да има свој (противвоздушен) систем“, рече Пелегрини.

На Руте сега му е потребна само поддршката од Романија.

Романскиот претседател Клаус Јоханис во март објави дека се кандидира за највисокото место во НАТО, тврдејќи дека на земјите од Источна Европа им треба подобра застапеност во евроатлантските лидерски улоги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ