вторник, 22 октомври 2024

Унеско: Вештачката интелигенција би можела да поттикнува антисемитизам со негирање на холокаустот

Унеско, организацијата на Обединетите нации за култура, предупреди дека вештачката интелигенција (АИ) би можела да го негира холокаустот и да ја фалсификува историјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот објавен заедно со Светскиот еврејски конгрес, Унеско вели дека историското толкување на холокаустот би можело да биде изобличено, како и дека тоа би довело до пораст на антисемитизмот ако етичките принципи на кои ќе се заснова користењето на вештачката интелигенција не се спроведат на меѓународно ниво.

Генеративната вештачка интелигенција, како четботот ЧетГПТ, се заснова на интернет податоци, содржини кои може да одведат во погрешна насока и во кои има човечка субјективност.

Тоа би можело и да доведе до погрешно наведување информации за одредени настани и засилување на предрасудите, се наведува во извештајот. Поради недостигот од надзор и модерација на АИ програмерите, алатките на генеративната АИ би можеле да се тренираат врз основа на податоци од интернет страници кои го негираат холокаустот.

Вештачката интелигенција овозможува и малициозни актери да фалсификуваат содржини како сведоштва на сведоци и историски документи за холокаустот. Лажните фотографии и аудио содржините кои ќе создаде генеративната АИ е особено уверливи за младите луѓе кои со такви содржини можат да се сретнат на платформите на социјалните медуми.

„Ако дозволиме да се разводнат страшните факти за холокаустот, да се изобличат или фалсификуваат преку неодговорно користење на АИ, ризикуваме експлозивно ширење на антисемитизмот и постепено намалување на причините и последиците на тие ѕверства“, кажа главната директорка на Унеско Одри Азулеј.

Примена на препораките на Унеско за етичноста на вештачката интелигенција е итно потребна за „младите генерации да растат со факти, а не со лаги“, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ