Како што соопштија од МЖСПП, Меџити и Габриел, разговарале за важноста на тековните проекти финансирани од ЕИБ, како што се Пречистителната станица во Скопје, како и за степенот на реализација на Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија.
Двајцата соговорници потенцирале дека соработката меѓу ЕИБ и Министерството за животна средина и просторно планирање во иднина ќе биде уште подобро координирана и ќе биде од конкретна корист за развојот на Македонија.
Меџити потврдил дека ЕИБ е наш традиционален партнер и поддржувач на проектите кои се од конкретна важност за развојот на државата и кои придонесуваат во напредокот на евроинтеграцискиот процес.