недела, 14 јули 2024

Уметноста на мото-културата денеска во Паркот на Франкофонијата

Во рамките на настанот, од 12 до 17 часот ќе се одржи изложба на најдобри примероци на мотоцикли,  во секоја класа по неколку карактеристични примероци.

Објавено на

часот

Сподели

На настанот, како што е најавено, ќе има и изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.

Во музичкиот дел ќе настапат блуз и рок бендоците Ин д муд енд бенд и Кросроуд блуз бенд.

Како што информираат организаторите, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот.

Главен акцент на оваа манифестација е спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика да и се претстави уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ