петок, 22 ноември 2024

Украински разузнавачи тврдат дека партијата на Путин прави своја приватна армија

Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) соопшти дека партијата Единствена Русија регрутира своја „приватна платеничка армија“.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Киев индипендент, единицата Хиспањола претходно била дел од руската доброволна единица Восток баталјон, составена од навивачки хулигани.

Се додава дека од 2023, Хиспањола е под контрола на партијата Единствена Русија, чиј лидер е рускиот претседател Владимир Путин, и дека се води како приватна воена компанија, тврди украинската воена разузнавачка служба.

Според ХУР, единицата е составена од навивачки хулигани, радикали и неонацистички симпатизери, но исто така регрутира и граѓани од посиромашните руски региони и окупираните територии на Украина.

ХУР тврди и дека регрутните центри на Хиспањола во окупираните региони на Украина им нудат на доброволците по 2.400 долари месечно за учество во борбените дејства, но со услов да бидат на фронтот барем шест месеци.

Исто така им се ветени меѓу милион и три милион рубли (од 11.000 до 32. 000 долари) во случај да бидат ранети и пет милиони рубли (54.600 долари) во случај да загинат на фронтот, тврди украинската воена разузнавачка служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ