петок, 25 октомври 2024

Украински дрон навлезе на територијата на Русија: Запален магацин за нафта, гори пожар во областа Курск

Украински дрон падна и се запали на територијата на складиште за нафта во регионот Курск, соопшти гувернерот Роман Старовојт.

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на Телеграм, гувернерот Старовојт наведе дека руските системи за противвоздушна одбрана работат во регионот Курск и дека службите за итни случаи излегле на местото на настанот, пренесува весникот Известија.

Роман Старовојт изјави дека една жена загинала, нејзиниот сопруг е повреден во пожар што избувнал во станбена зграда по украинското гранатирање на селото Кулбаки во регионот Курск.

Селото делумно е без електрична енергија. Курскиот регион се наоѓа на запад од Русија, на границата со Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ