сабота, 19 октомври 2024

Украински дипломат: Ја одложуваме офанзивата поради лошото време

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека времето сега не им дозволува на тешките тенкови да се движат по украинската кал која е вообичаена на пролет“, кажа Вадим Пристајко за Скај њуз.

Сличен коментар минатата недела даде украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, кој изјави дека украинските сили се главно спремни за акција, но дека им се потребни „Божја волја, време и одлука на командантите“.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници испратија десетици тенкови и оклопни возила во Украина. додека западните сојузници официјално тврдат дека Киев има сè што му е потребно за успешна операција, неофицијално американски воени експерти се сомневаат во способноста на Украина да ги пробие руските одбранбени линии.

Пристајко кажа дека Украина смета на „пробивна офанзива“, но истовремено предупреди дека не треба да се вложува „премногу надеж“.

Украинскиот дипломат ја обвини Москва дека ги преувеличува сопствените воени капацитети, наведувајќи ги како пример последните ракетни напади на цели во Украина.

„Русите претеруваат кога зборуваат за стотици ракети. Во реалноста имаше само десетици“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ