сабота, 20 јули 2024

Украинците од Вашингтон бараат нови хеликоптери и Ф-18

На најновата украинска „листа на желби“ за американско вооружување се наоѓаат софистицирани системи за противвоздушна одбрана, ловци Ф-18, дронови, како и хеликоптери „апачи“ и „блекхок“, пишува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Претставници на украинското министерство за одбрана покажале „листа на вооружување кое ѝ е потребно на украинската војска“ за време на состанок зад затворени врати со американски функционери и претставници на воената индустрија во Вашингтон.

Опфатната листа вклучува и оружје кое Украина веќе го има во залихите, како тенкови „абрамс“, артилериска муниција со калибар 155 милиметри, како и оружје кое и претходно го барала – како ловци Ф-16 и ракети АТАЦМС.

Како што наведува Ројтерс, листата содржи и неколку изненадувања, како транспортни авиони Ц-17 „глоубмастер“ и Ц-130 „суперхеркулес“, како и хеликоптери „апачи“ и „блекхок“.

Листата тука не завршува, бидејќи Киев побарал и ловци Ф-18 „хорнет“, три видови дронови и ПВО систем ТХААД.

Британската агенција истакнува дека Украина не може да продолжи со борбите без западната воена помош.

Предлог законот за доделување повеќе од 100 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван не го помина процедуралното гласање во американскиот Сенат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ