вторник, 22 октомври 2024

Украинците тврдат дека Русија го извезува украинското жито како свое

Руски фирми испорачале десетици илјади тони пченица и грашок од окупираните делови на Украина во 2023 во Шпанија, членка на Европската Унија, и во Турција и Азербејџан, тврди Шеме, истражувачка единица на украинскиот сервис на Радио слободна Европа со своите партнери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Слични количества јачмен и пченка наводно стигнале до московските сојузници Иран и Сирија, кои имаат утврдено евиденција за купување украинско жито присвоено од Русија, се тврди во истрагата заснована на руски документи и други извори која ја спровеле Шеме, украинска хакерска група Киборг, Белоруски истражувачки центар и Вјортска, независна медиумска куќа на руски јазик.

Најмалку 6,4 милиони тони пченица се пожнеани од Крим под руска власт и од деловите од регионите Доњецк, Херсон, Луганск и Запорожје под руска контрола во 2023 година, укажуваат сателитските проценки на НАСА програмата Жетва, која ја следи безбедноста на храната, тврди РСЕ.

Сикрајм, невладин украински проект кој ги следи руските испораки на житарки од Украина, известува дека два милиони тони од таа жетва се испорачани во странство од кримските пристаништа.

За 2023 година Шеме и партнерите документирале руска продажба на речиси 35.000 тони пченица, јачмен, пченка и грашок од регионот Херсон и Крим по снижени царински стапки.

Иако руските царински документи покажуваат дека производите доаѓале од Херсон и Крим, нејасно е дали купувачите некогаш го довеле во прашање потеклото на производите кои ги купувале. Никој не се согласил да зборува за тоа.

Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, Европската Унија забрани руски увоз во вредност од над 91,2 милиони евра, но не забрани трговија со храна и здравствени производи меѓу Русија и ЕУ „за да не му наштети на руското население“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ