сабота, 20 јули 2024

Украина забрзано ги губи западните тенкови „леопард“. Форбс: Тоа е цената на успешната контраофанзива

Објавено на

часот

Сподели

Опремени со мински плугови и валјаци, овие возила ги предводат тенковите и борбените пешадиски возила низ минските полиња расчистувајќи го патот за тенковите да можат да ја пробијат непријателската линија.

Тоа што се изгубени неколку специјализирани возила не значи дека нападот на руските позиции кај Мала Токмачка пропаднал, пишува Форбс. Барем сè уште не. Фронталниот напад на непријателските утврдувања, односно пробивањето на одбранбените линии, е една од најтешките и потенцијално најскапи операции во копненото војување.

Дури и најдобро опремените, најдобро обучените војски очекуваат да загубат дури половина од јуришните сили за време на успешен пробив. Украинската 47 јуришна бригада за само една недела изгубила три од своите шест најдобри оклопни возила за пробив – леопарди 2 добиени од Финска.

Меѓу уништените возила се и специјализирано возило од советско време ИМР-2 и поранешен германски „бергепанцер“.

На Украинците им е особено важно подрачјето јужно од Мала Токмачка за линијата на фронтот во Запорожје, десетина километри северно од стратегиски важниот град Токмак, кој и самиот се наоѓа на коридорот кон Мелитопол под руска контрола на Азовско Море.

Ако украинските сили успеат да се пробијат низ минските полиња јужно од Мала Токмачка и да стигнат до Токмак, и потоа до Мелитопол, ќе успеат да ги разделат руските сили во Украина. затоа, според Форбс, изгубените тенкови се неизбежен трошок за успешна контраофанзива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ