сабота, 19 октомври 2024

Украина: Врховната рада бара Унеско да ѝ го одземе членството на Русија

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот побара од Унеско и итно да испрати мисија во Украина за проценка на штетата предизвикана од руските напади на местата на светско културно наследство во Лавов и Одеса.

Апелот е испратен во парламентите и владите на земјите членки на Унеско, изјави украинскиот пратеник Јарослав Железњак.

„Парламентот апелираше до Унеско, парламентите и владите на државите членки во врска со неопходноста на Руската Федерација да ѝ се одземе членството во таа организација“, наведе тој и додаде дека за оваа одлука гласале 296 пратеници.

Украинскиот парламент ги повикал парламентите и владите на странските држави да ги преземат сите можни мерки за истрага на наводните злосторства, да се повикаат на одговорност и да обезбедат правично казнување на сите извршители во рамки на националните и меѓународните јурисдикции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ